Оперирани убиецот и неговата жртва: Наставничката преживеа 31 убодна рана, сѐ уште дише со помош на апарат

56

Тинејџер (19) кој вчера се обиде да се самоубие откако избоде ученици и наставничка во основно училиште во Загреб е на операција.

По крвавиот пир во училиште, отишол во блискиот здравствен дом, се заклучил во тоалетот и се избодел. Полицијата навреме се појавила и му го спасила животот.

„Наставничката е стабилна, сѐ уште дише со помош на механичка вентилација, а за денеска е закажана дополнителна дијагностика за нејзиното лекување“, одговорија од болницата „Свети Дух“ и потврдија дека наставничката имала 31 убодна рана.

Повредите му се санирани и иако хрватската министерка за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека е стабилен и физички добро, дошло до пресврт.

Тинејџерот (19) сепак морал да оди на операција. Хематомот му ги блокира дишните патишта, поради што заврши на операционата маса.

Ова го потврди Игор Алфиревиќ, хирург и заменик директор на КБ „Свети Дух“. Алфиревиќ додава дека животот на младиот човек не е во опасност и дека операцијата ќе трае најмалку час, час и половина.