Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше пуштен од болница во четвртокот, откако неговата операција на простата заврши „успешно“, објави неговиот кабинет на X.
„Штотуку ја напуштив болницата Хадаса Ајн Керем“, рече тој на X. Болницата е во Ерусалим.
Неговата канцеларија соопшти дека 75-годишниот Нетанјаху бил во добра состојба и целосно свесен по завршувањето на операцијата на простатата.
Инаку, во моментов трае судењето за корупција против Нетанјаху во Израел. Безбедносните служби препорачуваат Нетанјаху да сведочи во подземна судница во Тел Авив поради тековната војна што Израел ја води на повеќе фронтови.
На Нетанјаху му се суди во Окружниот суд во Ерусалим, но судницата нема засолниште во случај на бомбашки напад, ниту пак алтернативни безбедносни аранжмани во случај на ракетен напад.