„Опен-АИ“ размислува за нови извори на приходи! Ќе воведе реклами во „Чет-ГПТ“

10

Компанијата за развој на вештачка интелигенција, „Опен-АИ“ (OpenAI) ја разгледува можноста да воведе реклами во својот клучен производ „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) за да добие нови приливи на средства согласно нејзиното најавено преструктуирање во профитна компанија.

Имено, во интервју за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times), главниот финансиски директор на „Опен-АИ“, Сара Фријар потврди дека како компанија, размислуваат за воведување реклами.

Отворената ВИ наплаќа за пристап до тн. „апликативен програмски интерфејс“ (АПИ) којшто им овозможува на програмерите и организациите да градат свои ВИ-производи, но тоа засега не е бизнис со висока заработка.