Опасно невреме пристигнува во регионот: Поројни дождови, снег и вејавица

11271

Во овој момент низ северна Европа се движи многу силен циклон кој на повеќе делови од континентот ќе донесе невреме, а обилните врнежи и силните ветрови нема да го заобиколат ниту Балканот.

Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времетово Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а в петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен и ќе преминат во снег, некаде и на пониските места.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер, кој ќе биде и над 70 километри на час.

Утринските температури ќе бидат во интервал од еден до 9 степени, а максималните од три до 17 степени. Најстудено ќе биде в недела со утринска температура од -10 до -1 степен, а дневната температура ќе се движи од пет до 12 степени.

И на подрачјето на Јадранот веќе има облачност со врнежи од дожд, кои ќе се интензивираат кон вечерта и кон средината на ноќта. Во среда на Јадранот и долж Јадранот ќе дува бурен јужен ветер со удари и до 100 километри на час со многу пороен дожд и грмежи. Невремето ќе го зафати целиот потег од Словенија преку Хрватска и БиХ до Црна Гора.

ИЗДВОЕНИ