Епидемијата на сипаници однесе двајца млади животи на 17 и 18 години во БиХ, а новите информации покажуваат дека првите случаи се забележани и на југот на земјата.

Од Здравствениот дом Мостар пријавени се четири случаи, а пријавената болест ја потврдиле и од здравствениот дом „Стари град Мостар“.

Иако пријавените случаи во Мостар се без компликации, надлежните апелираа до родителите:

  • Ги повикуваме сите родители чии деца се уште не се вакцинирани против оваа тешка, понекогаш и фатална болест, да ја посетат нашата установа и да ги вакцинираат. Добар имунолошки одговор се постигнува веќе неколку дена по вакцинацијата, што може да спречи појава на симптоми во неимуна личност. Епидемиолошката слика за случаите на мали сипаници е јасна веќе подолго време, но надлежните предупредија за појава на оваа болест токму поради ниската стапка на вакцинација, пишува „Дневни Аваз“.