ООУ „„Кузман Јосифовски – Питу“ ќе добие летна училиница

56

Општина Кисела Вода започна со изградба на нова летна училница во дворот на подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Црниче.

Оваа училница, со површина од 146 квадратни метри, ќе функционира како амфитеатар на отворено и ќе биде наменета за повеќе од 100 ученици. Градежните работи е предвидено да завршат во наредните две недели. Вкупната инвестиција изнесува околу половина милион денари.

Покрај изградбата на летната училница, во централното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ , во тек е реконструкција на трпезаријата, од следната недела ќе започне и молерисување на повеќе од 2.000 квадратни метри училници и ходници, со што значително ќе се подобри изгледот и функционалноста на училиштето.

-Со изградбата на новата летна училница во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во Црниче, продолжуваме со унапредувањето на условите за настава за учениците. Оваа училница ќе овозможи изведување на настава на отворено, но и организирање на различни културни и образовни активности кои ќе ги поттикнат креативноста и интересот кај младите. Посветени сме на тоа секое училиште во нашата општина да добие современи и функционални простори, а со тоа да создадеме подобра иднина за нашите деца – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.