epa11614964 Republican presidential candidate Donald Trump delivers remarks at the Israeli American Council (IAC) Conference at the Washington Hilton in Washington, DC, USA, 19 September 2024. EPA-EFE/WILL OLIVER

„OnlyFans“ ѕвезда беше исфрлена од митингот на Доналд Трамп во Њујорк, му ги покажа градите на  кандидатот за нов американски претседател. Ава Луиз (26) беше изведена надвор од Колосеумот Насау на Лонг Ајленд откако го соблече горниот дел и ги разголи градите пред Трамп и неговата толпа од 16.000 луѓе.

Облечена во капа со натпис „МАГА“, таа отскокнуваше горе-долу на седиштата, надевајќи се дека ќе го привлече вниманието на 78-годишниот републикански кандидат, пишува „Дејли мејл“.

Инфлуенсерката рече дека нејзиниот потег е дел од кампањата за собирање средства наречена „гради за Трамп“. Таа рече дека заработува над 100.000 долари месечно на „OnlyFans“ и често донира во кампањата на Трамп од тие приходи.

Откако беше исфрлена од салата во Лонг Ајленд оваа недела, Ава објави видео на кое е испрашувана од локалната полиција и Тајната служба, при што еден од агентите се слуша како и вели дека има „одличен пар“.

Друг агент дури и кимна со главата на момчето на Ава, велејќи: „Добра работа, брат“.

Сепак, таа за New York Post изјави дека нејзиниот потег налутил некои полицајци, додавајќи дека тие се обиделе да ја обвинат за инцидентот. По тој провокативен потег, таа донираше повеќе пари за кампањата на Трамп поради „кавгата“ што ја предизвика.