Според податоците на Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ), просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2024 година изнесува скоро 33 евра и е помала за 0,7 евро од 2023 година. При тоа, кон македонските е-трговци од иматели на домашни и странски даватели на платежни услуги направени се 26,136 милијарди денари или 425 милиони евра што преставува 60 отсто од вкупната вредност на онлајн трансакции. Останатите 40 отсто од вкупната вредност на онлајн трансакциите Македонците ја направиле во странство

 

Направените онлајн трансакции од иматели на странски картички кон македонски е-трговци во 2024 година достигнаа 43,629 милијарди денари или 709,4 милиони евра, што е за 9,3 проценти повеќе во споредба со претходната година.

Според податоците на Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ), просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2024 година изнесува скоро 33 евра и е помала за 0,7 евро од 2023 година. При тоа, кон македонските е-трговци од иматели на домашни и странски даватели на платежни услуги направени се 26,136 милијарди денари или 425 милиони евра што преставува 60 отсто од вкупната вредност на онлајн трансакции. Останатите 40 отсто од вкупната вредност на онлајн трансакциите Македонците ја направиле во странство.

Што се однесува до структурата на бројот на направените онлајн трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон македонските е-трговци, Македонците и странците со своите картички оствариле речиси 66 отсто од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 34 отсто од трансакциите.

Во 2024 година, согласно податоците на Народната банка, има вкупно 1.666 трговци со виртуелни места на продажба, но активни е-продажни места се 1.312, односно 15 повеќе во однос на минатата година (активно работење подразбира извршување најмалку една трансакција на продажно место на трговецот во текот на календарската година за којашто се известува).

– Вредноста и бројот на онлајн трансакциите и во 2024 година бележи пораст. Минатата година ја одбележа и унапредувањето на понудата односно побогата понуда и примамливи промоции од домашните е-трговци, како и зголемување на понудата за домашните купувачи од интернационални е-трговци како „Тему“ каде што единствена платежна опција е плаќањето со картичка. Ефектите врз порастот останува да ги видиме преку податоците за првиот квартал годинава, а секако граѓаните ќе ги менуваат навиките и ова ќе влијае на вештините за онлајн купување кои што еволуираат – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска-Станков.

Отворањето на интернационалната понуда, нагласи, од друга страна уште повеќе го истакна главниот предизвик за домашните е-понудувачи односно предизвиците со доставата.

– Оваа година очекуваме овој придружен и клучен сектор да се унапредува како што расте онлајн купувањето и очекувањата на купувачите, како и плаќањата. Асоцијацијата за е-трговија и минатата година со своите активности придонесе за проширување и зајакнување на понудата во е-трговија, унапредување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија и зајакнување на довербата во онлајн купувањето. Преку активности како што е регистарот на е-трговци, беџот за верификувани е-трговци и информативно-едукативните кампањи за јавноста влијаеме на поголема информираност, свесност и само заштита на граѓаните со што придонесување и за унапредување на страната на побарувачката – посочи Ангеловска Станков.

Асоцијацијата за е-трговија неодамна направи унапредување на регистарот на е-трговци, кој претставува единствен регистар на онлајн продажни места кој се обновува во соработка со петте банки кои нудат процесирање на е-трансакции. Регистарот содржи и категоризација, односно може да се прегледаат сите активни е-трговци и може да се пребаруваат е-трговците.

Нови правила за враќање при онлајн купувањата

Амазон, Зара, Асос, Зеландо, ДХЛ и други мрежи за достава на стоки купени онлајн воведуваат нови правила за враќање. Имено, веќе некое време Амазон им нуди на своите клиенти опција да ги вратат пакетите во пошта без пакувањето. Оттаму појаснија дека персоналот ја презема задачата за пакување и етикетирање на пакетот. На почетокот ова беше само една од многуте бесплатни опции за враќање, но се чини дека Амазон сè повеќе го преферира токму овој метод.

Некои клиенти повеќе не можат да избираат помеѓу различни опции за враќање, туку можат да ја изберат само опцијата „отпакувано“.

– Ако сакаат сами да го спакуваат она што ќе се враќа, мора да платат такса од околу две до три евра. Ова е наменето да го намали сообраќајот на патиштата, бидејќи производите се препакуваат во помали поштенски кеси наместо во големи кутии во центрите за пратки – се наведува на веб страницата на Амазон.

Bayerischer Rundfunk спроведува тест во кој избраните клиенти можат да користат само „неотпакувани“ враќања како бесплатна опција. Сепак, тестирањето на повратот преку една сметка откри дека сите опции сè уште се достапни бесплатно. Останува нејасно дали и кога овој метод ќе стане единствената бесплатна опција за сите клиенти.

Исто така и онлајн продавниците Заландо, H&М и Асос воведоа и построги политики за враќање. Од Заландо велат го укинале периодот на враќање од 100 дена и од почетокот на оваа година рокот е скратен на 30 дена. Од 7 април H&М ја зголемува таксата (сега изнесува 2,99 евра) за непобараните пакети вратени на продавачот на едно евро повеќе од претходно. Асос пак, ги казнува клиентите кои често враќаат производи. Тие ќе добијат дополнителен надомест од 3,95 евра кој ќе биде одбиен од рефундирањето. Оваа такса се заснова на анализа на однесувањето при купувањето, вклучувајќи го бројот и вредноста на нарачките.

Во Зара враќањето на нарачките по пошта не е бесплатно долго време – таксата е 2,95 евра по враќање, а оваа сума се одбива од рефундирањето. Сепак, враќањето во физичките продавници останува бесплатно доколку продавницата има соодветен оддел за вратениот производ.

И ДХЛ воведува нови правила за пратки. Така, ДХЛ воведе и промени: пакетите со стоки повеќе не може да се испраќаат преку пакетите Pаckstation поради различната обработка на пратки и пакети.

– Испораките на стоки преку ДХЛ се обработуваат преку системот на писмо, а не преку системот за пратки, и ако се внесат во Pаckstation, тие автоматски завршуваат во погрешен систем, предизвикувајќи одложувања и тешкотии во обработката – велат од ДХЛ.

 

ИЗДВОЕНИ