Онлајн резервација на книги

66

Библиотеката „Феткин“ воведува нови услуги за своите членови. Се работи за онлајн резервација на книги и за онлајн продолжување на позајмените книги. Тоа значи дека кавадарчани повеќе нема да чекаат за да ја добијат најновата омилена книга.

– На 1.1.2025 година, библиотеката „Феткин“ почна со отворање профили за своите читатели, на онлајн платформата COBISS PLUS MK. Преку вашиот профил, можете да ја резервирате книгата што сакате да ја прочитате без да мора да чекате да биде вратена на нашите полици. Со отворањето бесплатен профил по ваше барање, освен достапност до двете наши нови услуги, имате и пристап до базата на сите наслови што веќе сте ги прочитале. Услуга што беше најбарана од нашите читатели – соопштија од библиотеката.

Овие две услуги ќе бидат бесплатни во промотивниот период, до 1 март 2025 година. За добивање видеоупатства, за отворање профил и за сите дополнителни информации, може да се обратите директно во библиотеката „Феткин“.

 

 

ИЗДВОЕНИ