Омилените детски ликови ќе оживеат низ грациозните движења на светските прваци во уметничко лизгање

36

 Она што го прави овој настан вистински уникатен е целодневното дружење и интеракцијата со легендарните ликови, кои ќе го красат шоуто. Оваа сабота, од 12:00 и од 17:00 часот, публиката ќе има ретка можност да се запознае со своите омилени јунаци одблиску.

– Замислете ги целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои, кои лизгаат на мразот со стил и грациозни движења. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас – најавуваат од спортскиот центар „Борис Трајковски“

 

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започна со подготовките за најголемата магија на мраз, која ќе се случи в сабота, во 12:00 и во 17:00 часот.

Од денеска официјално се замрзнува ледената подлога во арената, со што се создава идеална сцена за незаборавен спектакл в сабота.

– Многумина би помислиле дека може да се случи вакво ледено чудо само под отворено небо, но ние ја носиме магијата внатре, во просториите на арената. Токму тука, во затворен, удобно загреан простор, од овој момент, мајсторите на ледените кристали ќе посветат часови на внимателно ладење и обликување на повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз, создавајќи блескав, мазен и стабилен леден партер, кој в сабота ќе се претвори во сцена за најголемиот леден спектакл виден некогаш во нашиот регион – соопштија од спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Оттаму велат дека не запира магијата со тоа. Додаваат дека она што го прави овој настан вистински уникатен е целодневното дружење и интеракцијата со легендарните ликови, кои ќе го красат шоуто. Оваа сабота, публиката ќе добие ретка можност да се запознае со своите омилени јунаци одблиску.

– Замислете ги целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои, кои лизгаат на мразот со стил и грациозни движења. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас – најавуваат од спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во текот на целиот ден, љубителите на ова уникатно шоу ќе може да се фотографираат со своите омилени херои, да разговараат со нив, да дознаат повеќе за светот од кој доаѓаат и да создадат спомени што ќе траат засекогаш.

– Ова не е само гледање оддалеку, ова е можност навистина да зачекорите во светот на фантазијата и да станете дел од приказната – велат од арената „Борис Трајковски“.

А кога ќе дојде времето за големиот настап, ледената подлога ќе се исполни со магија – хероите ќе пловат по мразот, светските првенци во лизгање ќе ги претворат омилените ликови во живи ремек-дела на уметноста и целата публика ќе може да ужива во единствена претстава, која ги спојува авантурите, фантазијата, детските спомени и празничната атмосфера во едно.

– Неверојатниот спектакл на вистински мраз, кој за првпат ќе ја трансформира арената „Борис Трајковски“ во вистинско ледено кралство, во рекордно брзо време ја распродаде својата прва претстава, а билетите за втората претстава, исто така, брзо се продаваат – информираат од спортскиот центар.

(А.П.)