Чарли Хал се надева дека забраната за пушење во голф-одморалиштето во Париз нема да ги намали нејзините шанси за златен олимписки медал.

Голферката од Велика Британија пуши и додека е на теренот, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Но, пушењето е забрането на Олимпијадата во Париз.

  • Пушам на теренот. Тоа ми е навика, нешто што го правам секојдневно. Но, нема да можам оваа недела. Мислам дека не е дозволено  тоа – истакна 28-годишната Британка.