Олимписките игри во Париз 2024 година завршија, но деновиве се појави една скандалозна вест. Имено, како што пренесува „РИА Новости“, се покажало дека олимписките медали во Париз се лажни. Токму поради тоа, спортистите масовно ги враќаат своите освоени медали.

Изданието „Lettre“ пренесува дека освојувачите на медали од Игрите во Париз вратиле повеќе од стотина оштетени медали. Спортистите, исто така, го критикуваат квалитетот на медалите, на Интернет.

Во париската ковачница каде што е произведено ова „чудо“, критиките предизвикаа немир: таа отпушти тројца директори за производство и квалитет, пишува споменатата агенција.

ИЗДВОЕНИ