Легендарниот полски ски-скокач Камил Штох (37) нема да се натпреварува на Светското првенство во нордиско скијање во Трондхајм, првпат по 2003 година.
Селекторот на полската репрезентација Томаш Турнбихлер објави список на патници на кој го нема трикратниот олимписки шампион. И покрај неодамнешното 16. место на Штох во Сапоро, каде што беше најдобар полски претставник, Турнбилер реши да им даде приоритет на другите скокачи кои постигнаа подобри резултати во текот на сезоната. Па така, во националниот тим се најдоа Павел Васек, Александар Знишчол, Давид Кубацки, Јакуб Волни и Пјотр Зила.
Турнбихлер ја објасни својата одлука со изјавата дека Стох покажал подобрување, но дека другите скокачи биле поуспешни во текот на сезоната.
- Разговарав и со Камил и со неговиот тренер Михал Долезал. Камил го прифати тоа како што доликува на вистински шампион – со класа и разбирање. Се разбира, беше разочаран, но го разбра фактот дека генералниот пласман во Светскиот куп не лаже, порача Турнбихлер.