EPA-EFE/TIBOR ILLYES

Унгарската пливачка Катинка Хошу, трикратна олимписка шампионка, стави крај на кариерата.

  • Објавувам крај на кариерата. 30 години водата е мојот дом, светилиште во кое наоѓам утеха и сила. Од моментот кога првпат стапнав во базен како дете, знаев дека открив нешто магично. Свежиот допир на водата беше како да доаѓам дома, на место каде што гравитацијата престана да постои и секој удар ме приближуваше до моите соништа. Сега кога ќе се навратам на мојата кариера, добивам чувство на исполнетост. Медалите и рекордите се бесценети, но што е најважно, останува мојата голема љубов кон пливањето, изјави Хошу на социјалната мрежа Инстаграм.

Хошу освои три златни медали на Олимписките игри во 2016 година, на 100 метри грбно, 200 метри мешано и 400 метри мешано, како и сребрен медал на 200 метри грбно. Унгарската пливачка има учествувано на вкупно пет Олимписки игри, откако дебитираше во Атина во 2004 година како 15-годишно девојче.

 

ИЗДВОЕНИ