Олимписката и светска шампионка во боб, Германката Лиза Баквиц (29), е во финансиски проблеми, па реши да дојде до одреден бужет преку страница за возрасни. Таа реши да се финансира од објавување на содржини на познатата платформа „OnlyFans“.

Лиза веќе и потпишала договор со споменатата веб-страница за возрасни, објави германската агенција „ДПА“.

Баквиц освои олимписко злато во Пјонгчанг во 2018 година, вработена е во армијата, а воедно позираше и за машкото списание „Плејбој“ во 2022 година.

  • Како пилот за боб, јас сум одговорна за целиот мој тим. Морам да го платам туркачот и да ги покријам трошоците за материјалите за мојот боб, објасни девојката од Берлин, на која и требаат тренинг-партнери и боб, кој чини до 100.000 евра.

Сето тоа го покриваат спортистите, а федерацијата ги плаќа само патните трошоци бидејќи таа е во репрезентацијата.

Инаку, на оваа страница најчесто се појавуваат еротски фотографии и видеа, но познатата Германка откри дека нема да има голотијата на нејзниот профил.

  • Сигурно нема да се покажам гола. Во принцип содржината е слична на онаа на Инстаграм. Таму можете да ме видите во бикини или спортски градник, истакна Баквиц, па додаде:
  • Навистина е тешко да се најдат спонзори кои ќе вложат пари во мојот спорт или ќе ми ги дадат мене.

Инаку, доста познати спортисти решија на ваков начин да дојдат до пари, а меѓу нив најпозната е УФЦ борачката Пејџ ван Зант, која е меѓу првите што се појави на платформата за возрасни.

ИЗДВОЕНИ