Претставничката на Белорусија на Олимпијадата во Токио, Карина Казлускаја, живеела како бегалец речиси три години, откако ја напушти родната земја и се пресели во Полска поради страв од политички прогон. Девојката, која постигна голем успех во стрелаштвото, се откажа од сè што имаше дотогаш – плата, стипендии, спонзорски договори…

Верувала дека режимот на Александар Лукашенко ќе ја осуди поради нејзините политички активности, па ја напуштила земјата без ничие знаење. Ја прекинала кариерата и само повремено пукала, а за да преживее морала да најде работа во супермаркет. Денеска е вработена во еден од најголемите европски трговски синџири и сонува да му се врати на спортот во блиска иднина. Сето ова го откри за полскиот медиум „przelgladsportowy“.

Напорно тренира и се подготвува за евентуално враќање во спортот, но тоа и е отежнато со тоа што мора да оди на работа во смени – понекогаш тренира пред работа и потоа постигнува одлични резултати, а понекогаш по смената не може да се фокусира и да ја погоди целта. Сепак, не се откажува од големите соништа и медалите на најголемите натпреварувања. Таа еднаш освои сребро на Европските игри и златен медал на Светските воени игри, под знамето на Белорусија.

Иако емигрираше во 2022 година, ова е првпат долго да зборува за своето искуство.

  • Всушност, да, дадов неколку интервјуа веднаш по пристигнувањето во Полска во 2022 година. И имам државјанство само од јануари оваа година, започна Карина, па додаде:
  • Дома секогаш слушав дека сме Полјаци, иако зборувавме руски. Се чувствувам како Полјачка и Белорусинка, родена сум во Минск.

Полскиот пасош и го олесни животот. Мајката на Карина е Полјачка и претходно добила документ, но тогаш не ни помислувала дека нејзината ќерка ќе биде бегалец во нејзината земја на потекло.

  • Моите родители отидоа на шопинг во Бјалисток, бидејќи многу работи не се достапни во Белорусија. Мораа да аплицираат за виза секоја година за таа цел додека мајка ми не дозна дека можеме да имаме полска картичка. Плановите за трајно преселување во Полска беа во мислите на моето семејство, но обично се случуваше нешто што ја одложи одлуката. Татко ми доби подобра работа, а моите успеси во спортот ме натераа да се откажам од школувањето, додаде Казлускаја.

Таа за полските медиуми открила и дека добила помош додека го чекала пасошот.

  • Чекав повеќе од две години. Брзо добив дозвола за постојан престој бидејќи моите родители ми добија „полска карта“ пред 10 години, па немав проблеми со никакви формалности. На почетокот ми помогнаа Полската федерација за стрелаштво и клубот ЛКС Лужник Зивиец, заврши таа.

ИЗДВОЕНИ