Во чест на Градот Скопје, пливачи од 12 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Италија, Косово, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија) викендов ќе ја брануваат водата во базенот на 7- от Mеѓународен пливачки натпревтар „СКОПЈЕ ОПЕН‟.
Во одлична спортска атмосфера на базенот при СЦ „Борис Трајковски“, 440 пливачи од 42 клуба ќе се борат за пехарот за најдобар пливач на „Отвореното првенство на град Скопје‟.
Учесниците на Олимписките Игри во Париз: Милош Миленковиќ, Јована Куљача, Хана Беичи заедно со феноменалната Турчинка Денизли Суден, Италијанците Борсато Алесандро, Веторети Џакомо и Гропо Аличе, учесниците од последниот Светски Куп од Сингапур: Сергеј Трбојевиќ и Давид Вучиќ и одличните јуниори од Србија, Хрватска и Словенија ќе ги одмерат силите пред настапот на претстојното Светско првенство во куси базени во Будимпешта во декември годинава.
Од македонските пливачи на „СКОПЈЕ ОПЕН“ ќе настапат Сара Јанковиќ и Андреј Стојановски.
Натпреварот може да се следи во живо на YouTube каналот на Пливачки Клуб Скопје: https://www.youtube.com/channel/UCrCHHHNbgn2Pan1uM03bK2w, а резултатите во европската база за податоци за пливање: https://live.swimrankings.net/41813/ .