Поранешниот олимпиец, пливачот Ентони Џејмс (35), е осуден на 21 година затвор за серија сексуални злосторства врз две малолетнички. Пливачот од Плимут е прогласен за виновен за осум сексуални престапи, вклучително и за три силувања.
Судот во Плимут го осуди на вкупно 21 година затвор, од кои две третини ќе ги одлежи зад решетки, а остатокот на условна слобода. Злосторствата се случиле во период од 10 години, меѓу 2012 и 2021 година. Тој се бранеше велејќи дека девојките се согласиле на секс и откривајќи дека врзал една од своите жртви во текот на сексот.
Една од жртвите проговори пред судот.
- Никогаш нема да ти простам за она што го направи. Ми ги украде тинејџерските години. Се чувствувам многу засрамено кога ќе се погледнам во огледало – истакна на судењето една од жртвите.
Инаку, Џејмс учествуваше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а неговиот адвокат, Џо Стоун, го опиша неговиот случај како „шекспировски пад од височина“. Обвинителот Ли Бембриџ истакна дека Џејмс намерно ги „таргетирал“ своите жртви. Џејмс се пофали дека имал секс во тројка и им призна на поротниците дека ги давел девојките, тврдејќи дека тие го принудиле да го направи тоа.
Тој освои сребро на Игрите на Комонвелтот и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2012 година, на 100 метри пеперутка. Четири години по ред беше британски шампион во таа дисциплина.
- Тој ги манипулираше и ги контролираше своите малолетни жртви за да ги исполни сопствените сексуални желби. Тој тврдеше дека неговите жртви тогаш имаат повеќе од шеснаесет години, но се докажа спротивното. Тој добро знаеше колку години имаат неговите жртви и го искористи тоа на навистина вознемирувачки начин. Продолжи да ги злоупотребува откако наполнија шеснаесет години. Немаше да биде возможно да го обвинат ако не учествуваа храбрите девојки на судењето и би сакала да ја искористам оваа можност да им се заблагодарам – истакна друга девојка во текот на судењето.