Триатлонецот Игор Сисојев, познат по учеството на Олимписките игри во Атина и Пекинг, го загуби животот во сообраќајна несреќа во регионот Таман. На автопатот кај селото Старотитаровскаја, 43-годишиот олимпиец со својот автомобил излетал на спротивната лента и се судрил со камион управуван од 27-годишен возач.
Се наведува дека Сисојев од здобиените повреди починал на лице место, пред да пристигне брзата помош. Неговиот 22-годишен придружник бил хоспитализиран со повреди со различна тежина.
Сисојев учествуваше на Олимписките игри во Атина (2004) и Пекинг (2008), а го освои Европскиот куп во 2007 година. Тој беше шампион на Русија во 2005 година.