Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во средата наутро наводно отишол на прегледи во Ургентниот центар во Белград. Најдобриот играч на светот тајно бил донесен во болница каде му бил извршен преглед на главата, пренесува српски „Информер“.

Се наведува дека Новак бил расположен, дека се фотографирал со вработените, но и дека се жалел на главоболка.

Имено, по мечот со Корентано Муте во Рим, Ѓоковиќ беше удрен со шише во главата. На еден од навивачите му паднало алуминиумско шише од ранецот и го удрило во глава српскиот тенисер.

По поразот од Алехандро Табило во следниот меч, Новак се врати во Белград, а следен турнир кој го очекува е Ролан Гарос кој е закажан за 26 мај, каде воедно ја брани титулата.