Екипата на Алпин и официјално потврди дека ја прекинала соработката со Естебан Окон за наредната сезона и дека на негово место доаѓа Џек Дуан.
Откако предвреме ја напушти патеката во Лусаил, Естебан Окон навести дека, можеби, нема да учествува на трката во Абу Даби.
По заминувањето од Катар, сподели изјава во која им се заблагодари на сите членови на тимот.
- Сакам да им се заблагодарам најнапред на механичарите и на инженерите, на сите луѓе што работеа со мене во Енстон и во Вири-Шатилон, во последните пет години. Поминавме многу заедно и горд сум што многумина од вас ги нарекувам мои пријатели. Жал ми е што нема да имам можност да се збогувам со вас како што планирав. Секогаш со нетрпение ги чекав тие моменти – изјави Окон.