– Главно, ги придружува медицинска сестра, која е во нашиот тим. Услугата се дава на стари лица, на лица со мозочен удар или, пак, на оние што преживеале тешка сообраќајна несреќа, како и на лица што не може сами да се движат – објаснува Весна Станковска, координатор на активностите во „Љубезност“. Таа додава дека им помагаат и на оние што се способни сами да се движат, но не знаат каде да се обратат
Краен корисник на Здружението „Љубезност“ се пожалил на болки во градниот кош и во грбот. Тимот на „Љубезност“ веднаш му помогнал и го придружувал до матичниот лекар и до специјалист, каде што веднаш бил прегледан и му била дадена потребната терапија.
– Успеавме да ги обезбедиме потребните лекарства и, сега-засега, ситуацијата е под контрола. Остануваме во контакт со нашиот корисник и ја следиме неговата ситуација – велат од „Љубезност“.
На годишно ниво, од „Љубезност“ ја даваат оваа услуга на 300 лица.
– Главно, ги придружува медицинска сестра, која е во нашиот тим. Услугата се дава на стари лица, на лица со мозочен удар или, пак, на оние што преживеале тешка сообраќајна несреќа, како и на лица што не може сами да се движат – објаснува Весна Станковска, координатор на активностите во „Љубезност“.
Таа додава дека им помагаат и на оние што се способни сами да се движат, но не знаат каде да се обратат.
– Ги придружуваме и ги насочуваме каде треба точно да одат, ги придружуваме да земат докумeнт за туѓа нега или да поднесат документи за да добијат туѓа нега. Ги носиме кога имаат закажано термин да се појават пред Комисијата, која утврдува дали го имаат тоа право – набројува Станковска.
Оние, пак, што воопшто не може да се движат, тимот на „Љубезност“ ги носи со количка и со сопствено возило до потребното место. Обично ги придружува медицинската сестра, но доколку треба да се земе корисникот, бидејќи е неспособен сам да се движи, се повикува асистент.
Преку донации, „Љубезност“ им ги обезбедува на своите корисници и потребните додатоци, но и потребната месечна терапија, иако секогаш нема доволно за сите.
– Исто така, ги посетуваме и во нивните домови, ги потсетуваме навреме да ја земат терапијата, а им вршиме и преглед. Им мериме шеќер во крв, притисок итн. – истакна Станковска.
Таа додаде дека им помагаат и на лицата кои се т.н. фантоми, да ги извадат потребните документи, бидејќи немаат здравствено осигурување.
– Многу приватни ординации ни излегуваат во пресрет за да ги прегледаат овие наши корисници, бидејќи немаат здравствено осигурување – заклучи Станковска.
Во реализирањето на овие активности, „Љубезност“ има поддршка од сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, преку проектот „Грижи се 2“, а има и континуирана поддршка од компанијата „CMX Solutions“.
(А.П.)