Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, а сега почнува борбата за титулата. Пред да започне вистинскиот плејоф, закажан е и плеј-ин турнир кој може да донесе дополнителна драма, бидејќи отсега нема место за грешка, секој натпревар може да значи крај.

Регуларниот дел од сезоната беше богат со приказни и неочекувани пресврти на терените низ САД и Канада, а Оклахома дополнително ја зачини приказната соборувајќи го рекордот стар повеќе од половина век. Во 82 одиграни натпревари остварија просечна разлика од +12,9 поени во своја полза, што е нов најдобар учинок во историјата на НБА.

Никој не бил толку убедлив во текот на целата сезона. Со ова Оклахома го симна од тронот легендарниот Лос Анџелес Лејкерс од сезоната 1971/72 кога нивните победи беа во просек по 12,3 поени разлика.

ИЗДВОЕНИ