Лидерот во италијанската Серија А, тимот на Наполи, е следната дестинација на швајцарскиот интернационалец Ноа Окафор. Крилниот напаѓач се пресели во Наполи како позајмен фудбалер од редовите на калчо гигантот Милан. „Азурите“ ќе одвојат околу 2 мил. евра за позајмицата и ќе имаат право да го откупат договорот на Окафор со понуда не помала од 23 мил. евра.