ОЈО бара притвор за насилникот: Дошол да го види 6.месечното бебе па почнал да ја дави сопругата во нејзиниот семеен дом

12

Основното јавно обвинителство Велес соопшти дека повеле постапка за телесна повреда и побарале притвор за лице од Велес, кој се сомничи дека ја повредил неговата сопруга.

Од обвинителството соопштија дека станува збор за сомнение за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Лицето не живеело со сопругата затоа што во тек е бракоразводна постапка.

„Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот“, се вели во соопштението од обвинителството.

Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука.

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските услови и поднесе предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.

ИЗДВОЕНИ