Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 56 години за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Грабнување според член 141 став 2.
Околу 1:30 часот по полноќ, додека оштетениот спиел дома, осомничениот со остар железен предмет – сатар започнал да ја крши влезната врата, насилно ја отворил и влегол внатре. Со заканил дека ќе го убие, го удрил оштетениот со сатарот по главата, градниот кош и грбот, го присилил да се облече и го одвлекол до својот дом. Таму го заклучил и го држел присилно да не избега, постојано заканувајќи му се дека ќе го убие, ако не му го врати долгот.
На 8 февруари, во населбата Ѓорче Петров, осомничениот извршил грабнување на едно лице со намера со закани по живот да го присили да му го врати долгот – парични средства во износ од 8.000 денари и мобилен телефон вреден 12.000 денари.
Околу 1:30 часот по полноќ, додека оштетениот спиел дома, осомничениот со остар железен предмет – сатар започнал да ја крши влезната врата, насилно ја отворил и влегол внатре. Со закани дека ќе го убие, го удрил оштетениот со сатарот по главата, градниот кош и грбот, го присилил да се облече и го одвлекол до својот дом. Таму го заклучил и го држел присилно да не избега, постојано заканувајќи му се дека ќе го убие ако не му го врати долгот.
Околу 5:30 часот кога осомничениот заспал, грабнатиот ја искористил приликата, го зел клучот и избегал, по што веднаш го пријавил настанот.
Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците/жртвата или да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.