Со радост и гордост ви го најавуваме веќе традиционалното трето издание на винскиот фестивал – „Оhrid Wine ФЕСТИВАЛ“.
Оваа година фестивалот ќе се оддржи на 27, 28 и 29 јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти.
На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку Леле, Миле Кузмановски, Некст Тајм и многу други, а оваа манифестација го најавува и летниот културен бран на нашата најзначајна туристичка и културна дестинација.
На фестивалот ќе учествуваат голем број од најпознатите македонски винарии, како и мали семејни винарии, а целата понуда ќе биде збогатена со гурмански деликатеси.