ОГРОМЕН ПОЖАР ГО ЗАФАТИ ГРЧКИОТ ОСТРОВ: Евакуација на Евија/ВИДЕО

110

Жителите на четири населени места на островот Евија во Грција мораа да се евакуираат поради пожар што избувна вчера вечерта.

Како што пренесува „Катимерини“, противпожарните служби цела ноќ го гаснеле пожарот кој сè уште гори, па жителите на Климаки, Лиани Амос, Петриес и Криеси морале да се евакуираат.

Противпожарната служба соопшти дека пожарот се движел кон југ на островот. Како што пренесуваат медиумите, во гаснењето на пожарот се ангажирани 205 пожарникари и 56 возила, пет авиони и три хеликоптери.