Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Стејт департментот укина повеќе од 300 визи и предупреди дека администрацијата на Доналд Трамп секојдневно ги бара „оние луди луѓе“ откога американските власти оваа недела приведоа и му ја укинаа визата на турски студент на универзитетот „Тафтс“.
-Можеби повеќе од 300 во овој момент. Ова го правиме секој ден. Секојпат кога ќе најдам некој од тие лудаци, му ја одземам визата, рече Рубио.
Тој посочи дека се работи за комбинација од студентски и визи за посетители.
-Се надевам дека во одреден момент ќе ги снема затоа што ќе се ослободиме од сите, но секојдневно ги бараме овие лудаци што прават хаос, рече тој.
Според него, Вашингтон може ја укине секоја претходно издадена виза доколку студентите се вклучат во акции како што се „уништување на имотот на универзитетот, малтретирање студенти, окупирање згради, создавање неред“.
-Луѓето што ги бркаме од нашата земја вандализираат, тие не се демонстранти. Тие ги окупираат универзитетските кампуси. Тие ги малтретираат колегите студенти. Тие не протестираат, тие ја преминуваат границата во знак на протест. Кој ќе најдам, ќе го исфрлиме, рече Рубио.