„Одвај чекам да пеам во вашата прекрасна земја Македонија“, порачува од Мадрид светската музичка ѕвезда Хозе Пласидо Доминго

52

Награден е дури со 12 „Греми“ музички награди, и како извонреден пејач, а од неодамна и како диригент. Пласидо првпат настапува во Скопје. Тоа е одлична можност оваа пејачка ѕвезда да донесе и многу туристи. Уште отсега во скопските хотели за тој период се бара соба повеќе. Полн погодок за самиот град, а и за самата држава!

Тој е во моментот еден од најславните, а можеби и најславен  пејач-тенор кој успеа да освои дури 12 Греми музички награди, а името, погодувате, е Хозе Пласидо Доминго и доаѓа од Шпанија. Родум е од Мадрид. И за радоста да биде целосна Доминго ќе има свој прв премиерен мегаконцерт на 14 март оваа година, во арената „Борис Трајковски“, која за таа пригода ќе соодветно ќе се „опреми“. Музиката која ја создава овој врвен пејач и на неговите пристојни години е нешто што не смее да се пропушти. Со тоа Македонија се најде на онаа позната карта на светските музички настани од големо значење, кои како такви ги привлекуваат туристите од цел свет. Без трошка сомнеж дека и со скопскиот концерт оваа пејачка ѕвезда ќе донесе и многу туристи, па уште отсега во скопските хотели за тој период се бара соба повеќе. Тоа е полн погодок и за самиот град, а и за државата!

-Одвај чекам да настапам во вашата прекрасна земја Македонија, им порачува деновиве Пласидо на Македонците, од својата луксузна куќа. Тој не го криеше своето воодушевување што првпат ќе има ја таквата можност да настапи пред македонската публика, велат и грижливите македонски организатори, “Прагма продукција” во соработка со НОБ!

Пласидо Доминго е вистинска светска музичка ѕвезда и го заслужува своето ВИП-место во музиката, а неговата ѕвездена кариера трае повеќе од 50 години. Како уметник сам по себе и како член на „Тројцата тенори“, тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи многу признанија. Тој продолжува да ја зацврстува својата репутација до денес пред публиката ширум светот. И како извонреден пејач, а од неодамна и како диригент. Карактеризиран како ренесансен човек од страна на критичарите, награден со почесни титули и престижни награди, Доминго е воедно и претседател на престижниот Меѓународен натпревар за пеење „Опералија“, со цел да открие и промовира млади таленти. Неговиот богат репертоар вклучува повеќе од 150 улоги. Тоа не го направил ниту еден друг музичар. Бил почесен уметнички Директор и на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона, како и генерален Директор на Операта во Лос Анџелес, а и во Националната опера во Вашингтон.

Заедно со него, на сцената во македонската Арена „Борис Трајковски“ ќе застанат и Марија Жозе Сири, која е една од водечките сопрани во светот, и има богата дискографија со ЦД и ДВД снимки. Нејзиниот репертоар опфаќа дела од Белканто до Веризмо. Се издвојува како истакната интерпретаторка на најпознатите хероини на Верди и Пучини. Тука е и Жорди Бернасер еден од врвните шпански диригенти кој редовно диригира во најпрестижните традиционални театри и со реномирани оркестри. Својата кариера ја започнал како асистент на Зубин Мехта, Жорж Претр и особено на Лорин Маазел.

Невозможно е да се набројат сите брилијантни настапи кои Доминго ги остварил во неговата извонредна уметничка кариера која непрекинато трае. Особено концертите во Њујорк, Виена, Верона, Милано и Буенос Аирес, кои се уште се прераскажуваат. Кон овие метрополи, заслужено, се најде и нашето Скопје. Секоја чест!    Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ