Општина Аеродром ги ослободува од плаќање надоместок одредени категории родители и старатели за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“.
Оваа одлука ја донесе Советот на Општина Аеродром на последната седница.
Со одлуката се ослободуват од плакање: родители на три деца запишани во градинката, се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на едно дете, самохран родител со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата, двајца родители без приходи или самохран родител без приходи, двајца родители од кои еден е без приходи, а другиот родител е со примања до една минимална плата или со други приходи во износ од една минимална плата, како и еодители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата.
Ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година, а има за цел да им се олесни на најранливите категории граѓани.
-Општина Аеродром во континуитет се грижи за најмалите жители и за нивните семејства и ќе продолжи како и досега да донесува вакви и слични одлуки со кои сите деца ќе добијат еднакви услови за правилен раст и развој, како и еднаков пристап до воспитно-образовните процеси – соопштија од локалната самоуправа.