Oдреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами

97

Од Кривичниот суд, пред малку соопштија дека е определена мерка притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами.

„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена.“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Со дипломатско возило на стопанственик и со албански пасош поранешниот вицепремиер Артан Груби ја преминал македонско-косовската граница, непосредно пред почетокот на полициската акција каде беше претресуван неговиот дом. Според информациите кои ги сподели премиерот Мицкоски, тој границата ја преминал со почесниот косовски конзул во Македонија – Арсим Папранику, кој исто така бил присутен во возилото. Папранику инаку е и бизнисмен кој е ко-сопственик на трговски центар во Скопје и сопственик на ланец продавници за бела техника во Косово, Македонија и Албанија. Сепак, Груби веќе бил на СТОП-листата и требало да биде спречен да ја напушти државата, потврдуваат од МВР за Канал 5.

ИЗДВОЕНИ