Одобрени општинските проекти за финансирање со парите од унгарскиот кредит

241

Владата, на денешната седница, ја донесе одлуката за проектите на општините, со што и формално е завршен процесот на селекција за користење на парите од заемот од Унгарија.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека до крајот на овој месец надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на историскиот проект, кој првпат се случува кај нас.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините, кои ги доставија за користење на парите од заемот, се изгласани и одобрени од Владата.