Ракометните репрезентации на Франција и Египет одиграа ретко виден драматичен ¼ финален натпревар на Светското првенство, во која Франција со гол постигнат од центарот на игралиштето на три стотинки до крајот стигна до минимална победа и се пласираше во полуфиналето.
Хрватски портали веднаш потоа објавија дека голот што Франција го постигнала е нерегуларен затоа што во кругот на центарот на теренот имало и друг играч на Французите.
Стручното објаснување е дека голот е сосема регуларен и дека во кругот има право не само да има друг играч, туку и да му се додаде нему топката. Во случајов, пак, каде што има директен шут на гол и не се остварува никаква предност голот е регуларен и затоа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов по гледње на видео снимката донесоа исправна одлука.
Но, дали е регуларен победничкиот гол на Хрватска со Унгарија? Меч што го судеа шпански арбитри.Само избројте колку чекори направи напаѓачот Срна пред да асистира за победничкиот гол.