Преговорите за мир во Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Форин Офисот во соопштението наведе дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи, закажан за денеска (среда) е одложен“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, без присуство на медиуми, пишува Гардијан.
Дипломати од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска во Лондон требаше да одржат нова рунда разговори со цел постигнување прекин на огнот во тригодишната војна меѓу Украина и Русија.
Претходната рунда мировни преговори за Украина се одржа во Париз, а на неа присуствуваа претставници на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Украина.