Одложена свечената академија по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст

23

Изразувајќи сочувство со болката на семејствата на настраданите и на повредените од пожарот во Кочани, од Црвениот крст на Македонија соопштија дека е донесена одлука свечената академија по повод одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на оваа хуманитарна организација, која требаше да се одржи денеска, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, да се одложи на неопределен период.

– Останува сите заедно да бидеме обединети и солидарни во овие моменти на болка и да продолжиме да ја обезбедуваме неопходната поддршка за граѓаните на нашата земја – се наведува во соопштението на Црвениот крст.

 

ИЗДВОЕНИ