Репрезентативецот на Македонија, Андреј Јакимовски, продолжува со добрите настапи во дресот на Колорадо бафалос, во рамки на НЦАА-лигата.
Тимот од Колорадо славеше победа од 83:54 над Кал Стејт, а Јакимовски постигна 14 поени. Нашиот кошаркар, веројатно, ќе имаше и подобри бројки, но со оглед на убедливата предност, тренерот му даде одмор.
На теренот, македонскиот кошаркар помина 20 минути, во кои успеа да постигне 17 поени.