Одговор од Демократите на говорот на Трамп: Граѓаните ќе платат за сè

24

Американската сенаторка Елиса Слоткин ја критикуваше, во име на Демократската партија, економската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека граѓаните ќе ја платат цената за сè, вклучително и царините, трговските војни и растечкиот национален долг.

Во своите забелешки по говорот на Трамп, Слоткин, која беше делегирана од демократите да одговори, нагласи дека на САД им се потребни одговорни промени, посочувајќи и дека Трамп нема кредибилен план за намалување на цените на основните прехранбени производи, домувањето и здравствената заштита, пишува Гласот на Америка.

„Економската политика на Трамп ќе ги натера граѓаните да плаќаат за сè, вклучувајќи ги и царините и трговските војни, растечкиот национален долг и потенцијалната рецесија“, предупреди Слоткин.

Таа исто така додаде дека Трамп се обидува да им подари „невиден подарок“ на своите пријатели милијардери.

Сенаторката Слоткин, која претходно го претставуваше Мичиген во Претставничкиот дом, изрази загриженост за отпуштањето на федералните работници и пристапот на блискиот соработник на Трамп, Илон Маск, до доверливите податоци на американските граѓани.

ИЗДВОЕНИ