Одговор на Трамп и Путин: Се состануваат Ердоган и Зеленски

266
EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој доцна во понеделникот пристигна во турската престолнина.

Шефот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун, најави дека Зеленски во вторник во претседателската палата во Анкара ќе биде примен од турскиот претседател Ердоган. Се очекува двајцата лидери да разговараат за стратешкото партнерство меѓу Турција и Украина, со фокус на зајакнување на односите во сите аспекти и договор за чекорите што треба да се преземат за натамошно зајакнување на соработката.

Состанокот ќе даде можност и за размена на мислења за ситуацијата во Украина и други итни регионални и глобални прашања.

 

ИЗДВОЕНИ