Швајцарскиот скијач Марк Одермат победи на супервелеслаломот што се одржа во рамките на Светскиот куп во Кран Монтана, Швајцарија. Одермат, кој ја оствари 45. победа во Светскиот куп, победи со време од 1:21,53 минути. Второто место го зазеде неговиот сонародник Алекси Моне со 0,28 секунди заостанување, додека трет беше Италијанецот Доминик Париз со 0,39 секунди.
Одермат е лидер во генералниот пласман на Светскиот куп со 1.246 бода, 500 повеќе од второпласираниот Норвежанец Хенрик Кристоферсен.
Натпреварите во Светскиот куп продолжуваат в сабота, за кога е закажан велеслаломот во Крањска Гора.