Необична ситуација се случи на одбојкарски натпревар во Бразил. Присила Оливеира Хелдес привлече големо внимание не само поради својата игра на теренот туку и поради тоа што реши да го одигра натпреварот во петтиот месец од бременоста.
Во четвртфиналната серија од бразилската Суперлига, се сретнаа Сеси-Бауру и Флуминенсе, за кој настапува Присила. Бразилката има 33 години и порано играше за репрезентацијата на својата земја, на позицијата техничар, а сега се појави на теренот со труднички стомак и го даде максимумот. Но, нејзината екипа беше елиминирана од плејоф-фазата, бидејќи Сеси-Бауру славеше со 2:1 во сетови.
Mãe! 🤰
Pri Heldes, grávida de 5 meses, comanda os levantamentos do Fluminense e dá um show nas defesas. 👶#VoleiNoSportv
— QG do Vôlei (@QGdoVolei) April 10, 2025