Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Ливерпул, без многу размислување ја одби богатата понуда која беше наменета за уругвајскиот интернационалец, Дарвин Нуњез. Како што информираат британските медиуми челниците на Ал Наср понудиле 77 мил. евра за обештетувањето на робусниот напаѓач, но таквата богата понуда експресно била одбиена од раководните лица на Ливерпул.