Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје на 23 април, во 13 часот, ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право.
Овој датум (23 април), прогласен од УНЕСКО во 1995 година, се одбележува во целиот свет, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје овој настан го одбележува традициoнално, и е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток, а воедно и е коoрдинатор на активностите низ државата.
Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Славица Велева, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Поддршка и оваа година e Шпанската амбасада во Скопје.
Во 12 часот и НУ Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право. Во Прличевата одаја ќе бидат прогласени најчитателите за 2024, за деца и возрасни, најчитаните автори и дела, а на голем број донатори на книги ќе им бидат врачени благодарници.