EPA-EFE/TOMS KALNINS

Холандскиот одбојкар на плажа, Стивен ван де Велде (29), кој пред десет години помина три години во затвор поради силување на 12-годишно девојче, следниот месец ќе ја претставува Холандија на Олимписките игри во Париз. Според британските медиуми, Ван де Велде бил осуден на четири години, но бил ослободен во 2017 година.

  • Ја знаеме историјата на Стивен. Тој тогаш беше осуден според англискиот закон и ја отслужи казната. Оттогаш бевме во постојан контакт со него, а денес Стивен е целосно реинтегриран во холандската одбојкарска федерација. Тој се докажа како примерен професионалец и човек и немаше причина да се сомневам во него откако се врати од Англија, изјави Мишел Еверарт, генерален директор на холандската одбојкарска асоцијација.

Ван де Велде отслужи дел од казната во Англија пред да биде префрлен во Холандија, каде што беше ослободен.

  • Го направив тоа што го направив. Не можам да го вратам времето, па ќе морам да ги трпам последиците. Можете да ми судите, се разбира. Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Разбирам дека во пресрет на најголемиот спортски настан во светот, ова може да го привлече вниманието на меѓународните медиуми. Поради втората шанса што ја добив од моите родители, пријатели, познаници и колеги, кои повторно ме прифатија по најголемата грешка, изјави Ван де Велде во 2018 година за националната телевизија „НОС“.

Тој воедно им се заблагодари на сите од Федерацијата.

  • Благодарен сум и на Холандската одбојкарска асоцијација бидејќи со јасни услови и договори повторно ми понудија иднина во овој убав спорт. Но, се сеќавам и на тинејџерските денови, бев несигурен, неспремен за живот на врвен спортист и несреќен внатре, бидејќи не знаев кој сум и што сакам, додаде Стивен.

Одбојкарската федерација на Холандија и Холандскиот олимписки комитет соопштија дека го поддржуваат Ван де Велде, додавајќи дека се консултирале експерти кои веруваат дека неговата шанса за повторување е сведена на „нула“.

  • Ван де Велде ги исполнува сите услови за квалификации за Олимпијадата и затоа е дел од тимот, додаде одборот.