Од заборавена, Пинтија стана модерна, урбана населба

886

Од заборавена, Пинтија стана модерна, урбана населба, по мера на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека во Пинтија се реконструирани сите краци на улицата „Јабланица“, како и „Саса 12“, исто така со сите нејзини краци, со асфалт и со павер елементи.

– Претходно, трансформиравме едно запуштено место во нов плоштад – простор за уживање на жителите од овој дел на Општината. Изградивме пешачки патеки, поставивме урбана опрема, направивме детско катче, сето тоа збогатено со парковско зеленило. Пинтија доби и современ спортски центар со еластична тартан подлога. За првпат од своето постоење, Пинтија добива и спортска сала во рамките на подрачното училиште, која ќе биде завршена за многу брзо време – потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека оваа населба, по повеќе од 40 години, добива фекална канализација.

– Веднаш по завршувањето со изградбата на фекалната канализација и приклучувањето на сите домаќинства во мрежата, ќе се асфалтираат улиците и со тоа во Пинтија повеќе нема да има ниту една неасфалтирана улица – наведе Ѓорѓиевски, додавајќи дека Општината ќе продолжи рамномерно да вложува во секое населено место.