EPA-EFE/SHAWN THEW

Директорот Вилијамс, Џејмс Воулс, изјави дека Формула 1 тимот сè уште не е на посакуваното ниво, и покрај подобрувањето на формата и резултатите на последните трки. Тимот на Вилијамс е на осмото место во генералниот пласман кај конструкторите со само 16 бодови. Тоа е добра работа со оглед на тоа што тимот запиша бодови само на две во првите 15 трки. По трката за Големата награда на Холандија, Александер Албон и Франко Колапинто освоија бодови на следните три трки.

  • Дали го поминавме најлошото? Да. Дали успеавме? Не. Ова не е успех за кој денес сонуваме, едноставно е подобро отколку што беше. Се плашам дека само што почнуваме, би рекол дека сè што поминавме изградивме низа основи што значи дека не се враќаме на почетокот, истакна Воулс.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози во недела за Големата награда на САД во Остин од 21 часот.