Од вкупно 1.191 пријави од струмичани, лани решени 1.119

24

Преку Систем 48 од 1.191 пријава, лани биле одговорени и решени 1.119.

Останатите 72 се проследени до надлежните служби и се пријави  во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Ова е наведено во годишниот извештај за Систем 48 на Општина Струмица.

Во извештајот се нагласува дека најголем број од доставените пријави се од областа на улично осветлување – 853, потоа од областа на собирање смет -149, водовод и канализација – 99, паркови и зеленило – 65, улици, патишта и тротоари – 25.

– Со посебна благодарност сакаме да истакнеме дека Системот 48 повторно функционира на ниво како што очекуваме, со зголемен број на пријави од граѓаните. Ние како тим, посветено ги процесираме овие пријави и ги проследуваме до надлежните служби,со цел истите да бидат решени во најкраток можен рок – потенцираат од Општина Струмица.

Оттаму, апелираат до граѓаните за навремено да пријавуваат на бесплатниот телефонски број: 080014848 и на мобилниот телефон: 076/484-848, за да може навремено да се интервенира и воедно да се решаваат пријавите доставени до Систем 48.

 

ИЗДВОЕНИ