Од вирално чоколадо до освежителен сладолед: Дубаи трендот продолжува/ВИДЕО

119

По неколку месеци интензивен тренд, Дубаи чоколадото и понатаму е еден од највиралните производи на социјалните мрежи. Познато по интересната комбинација на вкусови, ова чоколадо ги освојува срцата на сладокусците ширум планетата, ни помалку ни повеќе и кај нас. Интензивниот крем од ф’стаци и неодоливото млечно чоколадо, во комбинација со турскиот специјалитет – кадаиф, го претворија ова чоколадо во луксузен деликатес на чиј вкус ретко кој може да одолее.

Ако мислевте дека тоа е крајот, сте се излажале! По чоколадо, палачинки и крофни, пристигна и уникатниот Дубаи сладолед. Новиот сладолед е вистинска симфонија за непцето.

Ресторан во Белград подготви десерт кој е инспириран од богатите вкусови и раскошните состојки по кои е познато, ова не е само обичен сладолед, туку искуство за паметење. Направен со чоколадо, крем од ф’стаци и кадаиф, овој сладолед доаѓа како круна на овогодишниот Дубаи тренд.

ИЗДВОЕНИ