Од утрово се тресе тлото на Балканот: Земјотрес во Македонија, потреси регистрирани во Грција, Бугарија и Турција

595

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда МL2,3 е регистриран рано изутринава во 1.36 часот во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри југозападно од Скопје, а е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја потресе Грција, а земјотресот е регистриран на 20 километри од градот Неа Рода. Земјотресот е регистриран на длабочина од 4 километри, југоисточно од Неа Рода и 109 километри источно од Солун. Земјотресот го почувствувале не само граѓаните на Грција, туку и на Бугарија, кои тврдат дека почувствувале благи потреси.

Земјотрес е почувствуван и во областа на Солун. Велат дека било помалку интензивно и траело само неколку секунди.

Серија земјотреси утрово погодија делови од Турција, но најсилниот е забележан во Егејското Море.