Град Скопје соопшти дека од утрово автобусите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ќе сообраќаат редовно, откако изминатите два дена граѓаните се пожалија дека чекаат и по еден час на автобуските постојки.
-Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет – известија кусо од Град Скопје.
Градот не објасни какви притисоци имал во врска со градскиот сообраќај.